Правеа забава за Кајли Миног, а сега ќе ве забавуваат и Вас: “2manydjs“ ексклузивно на Викенд Медиа Фестивал

Добивај вести на Viber

Овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал ќе оддаде почит кон Оливер Драгојевиќ и кралицата на соул музиката Арета Френклин, а саботната забава „Викенд Станува Глобален“ за прв пат ќе ги донесе меѓународните ѕвезди - белгиското дуо “2manydjs“

Загреб, 13 септември 2018 година – Обожавани од генијалниот Дејвид Боуви, соработуваа со Кајли Миног и свиреа на нејзината забава, а сега доаѓаат на 11. издание на Викенд Медиа Фестивал! Браќата Дејвид и Стивен Девале (David & Stephen Dewaele), попознати под уметничкото име “2manydjs“, ќе ги разиграат посетителите во сабота, во рамки на најдобриот Викенд Медиа Фестивал кој ќе се одржи од 20 до 23 септември, во поранешната фабрика за тутун во Ровињ каде се очекуваат повеќе од 5.000 посетители.

Нивниот албум „As Heard on Radio Soulwax Pt. 2“ е оценет како најдобриот албум на годината од страна на Њујорк Тајмс, што е без сомнение доказ дека атмосферата на 11. издание на Викенд Медиа Фестивал ќе кулуминира со неверојатната забава која ќе ја приредат. Белгиското дуо ќе биде дел од забавната програма “Викенд Станува Глобален“, која за прв пат доведува меѓународни ѕвезди на најголемиот комуникациски фестивал во Регионот. “2manydjs“ се прославија со “mashup“ и ремикси на хитови од повеќе странски ѕвезди, како “Salt-N-Pepa“, “Destiny's Child“ и Доли Партон (Dolly Parton), а во нивната колекција се и дел од хитовите на една дама од овој Регион - Зденка Ковачичек. Браќа Девале користеле семплови од нејзината песна „Електра“ како дел од нивниот проект „Вафли“ (Waffles), а сега на Викенд Медиа Фестивалот и ќе ја делат сцената со неа. 

Викенд Медиа Фестивалот ќе го отворат ѕвездата од Хрватската музичка сцена и нивниот најпопуларен џез и свинг пејач Марко Тоља, во придружба на одличниот џез-оркестар ХРТ под раководство на Мирон Хаузер. Тие заедно ќе ги водат посетителите низ најголемите хитови од џез, рок и блуз и воедно ќе му оддадат почит на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Во петок, во рамки на Фестивалот, на сцената ќе настапат “Болни браќа“ (Bolesna braća), пионери на хрватската хип-хоп сцена кои ќе се погрижат за малку посилен ритам полн со забавни рими. Познатото дуо составено од “Baby Dooks“ и “Bizzo“ со хитови како „Ловџиски приказни“, „Телефон Факи“ и „Патриша“ ќе ги развесели љубителите на хип-хоп музиката, како и сите оние кои се подготвени за добра забава.

„По посетата на интересни предавања и дискутирање за трендовите во комуникациската индустрија, нашите посетители ќе можат повторно да се релаксираат со најдобрите изведувачи во вечерните часови. Одлучивме да посветиме посебен дел од програмата на Оливер Драгојевиќ и Арета Френклин - регионални и интернационални великани кои за жал нè напуштија оваа година, но нивната музиката е вечна. Среќни сме што за прв пат во рамки на Фестивалот ќе гостуваат и светски реномираните “2manydjs“ кои ќе го заокружат најдобриот Викенд во годината со својата изведба на комбинација од различни стилови на музика“ - изјави Томо Рицов, Директор на Викенд Медиа Фестивалот.

Уште подобар и позабавен Викенд од 20 до 23 септември ве очекува во поранешната фабрика за тутун во Ровињ, а овогодишни партнери на Фестивалот се Франција и Германија. Се гледаме наскоро!