Пред Архангел Михаил задолжително направете го ова: На овој начин познатиот ангел чувар ќе ви ја исполни најдлабоката желба

Денес избегнувајте кавги и сите места кои не ги сакате...

Архангел Михаил е празник, кој во црковниот календар е запишан со црвени букви и секогаш се одбележува на 21 ноември, а во спомен на еден од ангелите, кој според преданијата, со војска им се спротиставувал на злобните сили.

Свети Архангел Михаил, симболот на борбата против злото и небесната сила која ги прифаќа душите на мртвите, мерејќи ги нивните добри и лоши дела, на иконите и фреските е прикажан како небесен воин во воена опрена, со меч, копје и зол дух, кој е врзан со синџири и кој лежи под неговите нозе.

Денес обидете се да избегнете непријатни средби, кавги и места кои не ви се допаѓаат. Замолете го да ве заштити од зли луѓе, негативна енергија и да ви подари мир и сила.

На денот на празникот задолжително одете во црква и запалете свеќа. Молете се на вашиот ангел и замолете го да ви ја исполни вашата најдлабока и најважна желба. Отворете ја душата и срцето, споделете ги радостите и тагите и на крајот кажете благодарам.

Постојат преданија според кои, како награда од Бог, на Архангел Михаил му била дадена можност двапати годишно да се спушта во пеколот и да ги ослободи душите на грешниците, нудејќи им одмор во небесното царство.

На овој празник треба да се шират добри мисли, а единствено нешто што не смеете да го направите е да ги избркате сиромашните и слабите од себе. За тоа ќе бидете казнети од ангелот кој е секогаш со вернците.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да одредете каква ќе биде годината, а дали празникот ќе се слави со посен или мрсен оброк зависи од тоа во кој ден се паѓа.

фото: Принтскрин / Јутјуб