Пред бразилска депилација никако не ja правете ова работа: Козметичарка предупреди за грешката што ја прават многу жени (ВИДЕО)

Козметичарката откри грешка која жените ја прават пред да ја депилираат интимната зона!

И покрај фактот дека речиси секоја друга жена денес оди на бразилска депилација, многу од нив сè уште прават некои грешки кои го прават резултатот од отстранувањето на влакна полош од очекуваното.

Козметичарката Каролин Хегарти открила дека многу жени мислејќи дека им прават услуга на козметичарите ги скратиле влакната пред закажаната депилација. Сепак, таа вели дека тоа е најлошото нешто што можете да го направите пред да се депилирате!

На прашањето на една корисничка на TikTok што би било идеално да се направи пред да оди на бразилска депилација, козметичарката одговорила дека прво правило е да не се бричи „барем еден месец“ пред депилацијата.

„Поентата е да ги поминете сите три фази на раст на влакната кои постојано се бричат, а единствениот начин да го направите тоа е да го оставите бричот“, рече таа, а потоа додаде дека никогаш не треба да ги скратувате влакната пред да одите на депилација.

„Не ги скратувајте. Дури и ако мислите дека ни правите услуга, немојте. Кога одите на депилација, дури и ако имате голема „грмушка“ таму, не ги скратувајте влакната. Козметичарката ќе го направи тоа ако е потребно“, рече Керолајн.

Таа објасни дека кога жените ги потстрижуваат влакната пред да одат на депилација, постои ризик да се скратени премногу, па тогаш восокот не може да ги фати.

Кога станува збор за некои други подготовки за депилација, нејзиниот совет е да се истуширате вечерта пред закажаниот термин, а кога се во прашање гаќичките кои треба да ги носите за депилација вели:

„Ваш е изборот дали да останете во долна облека, да носите танга, гаќичките за еднократна употреба што ќе ви ги дадат во салонот или целосно да го соблечете“.

@foxluxebrows Reply to @crystal_spidercow FOR ALL FIRST TIME BRAZILIAN WAXES  #storytime #truestory #waxingtiktok #salontiktok #trending #fyp #salonlife #funny #bittacraic #waxingconfessions #brazillianwax #brazillian #firstwax #whattodo original sound - Caroline Hegarty75


Видео и Фото: ТикТок

Депилирам жени веќе 14 години и сакам добро да го запомнете ова: Козметичарка ги откри „највалканите“ детали од салоните за убавина