ПРЕД ДА ГО УБИЕ, ГО ТЕРАЛ ДЕВОЈЧЕТО ДА СЕ ЈАВУВА КАЈ МАЈКАТА И ДА ЈА ПОВИКУВА - како Центарот за социјални работи му дал дозвола на Марко да биде насамо со Петра

Кобниот ден Марко Б.(35) го принудил детето да и се јави на мајка си и да и каже колку и е таму убаво и да ја покани да дојде, а кога несреќната жена не се согласила на тоа, тој го удавил девојчето, па се обесил.

Марко Б.(35) од Вршац, кој во вторникот ја удави ќерка си Петра (3) и се обеси, пред само седум дена е осуден за семејно насилство, а се сомнева дека си ја убил ќерката за да и се одмазди на сопругата Сузана која го пријавила за насилство и покренала развод!

Според извор на Фактор, Марко во вторникот земал слободен ден од работа и ја донел ќерка си во својот изнајмен стан, а тоа бил прв пат да го гледа детето сам, за жал и последен пат. Извор близок на мајката за Курир вели дека Сузана била шокирана од одлуката на Центарот за социјална работа што и покрај убеденоста и тоа што Марко Б. е психијатриски пациент, решил да му додели старателство и да дозволи самостојни посети.

Детали читајте на Фактор тука.