Моден фокус // Шминка
ПРЕД ИЛИ ПОСЛЕ КРЕМА: Кога е најдобро да се нанесува пудра?
Дали и вие после нанесување на хидратантна крема на лицето секогаш чекате десетина минути, за да ја впие целосно кожата?
Но изгледа дека повеќе нема да морате да чекате, откриваат холивудските визажисти, кои тврдат дека тајната на беспрекорно нашминкано лице се крие во хидратантната крема.
Тие советуваат течната или кремаста пудра да ја нанесувате веднаш после кремата, додека тенкиот слој уште е на површината на кожата.
Спојот на кремата и пудрата го олеснува нанесувањето и апсорбирање на пудрата, давајќи ви притоа и многу поприроден изглед.