Пред огледало со Полина Тасева: Јога вежби за лицето се мој дневен ритуал

Добивај вести на Viber

Познатата млада пејачка, Полина Тасева, пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите ритуали за убавина.


* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Обожувам да се разбудам со позитивна мисла за да го започнам денот и обврските со добра енергија. За сето тоа да се одвива козметичките дневни ритуалите се неизбежни, а воедно и омилени затоа што ме прават да се чувствувам пријатно и убаво. Најпрво го мијам лицето и по потреба доколку сакам повеќе да го освежам, го поминувам со коцка мраз за подобра циркулација и свежина на кожата пред да нанесам шминка. Исто така практикувам јога вежби за лицето кои ги правам редовно и може да се каже дека се мој дневен ритуал.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Употребувам крема за лице која е комбинирана односно дневна и ноќна. Немам проблематична кожа и до пред една година користев само „Нивеа“. Веќе чувствувам дека можам да пробувам други продукти за подобра хидратација и нега. Најмногу ги сакам кремите со додаток на алое вера, колаген и хиларион. Од серуми користам витамин ц, кофеин, а за вечерната нега силицилна течност за темелно чистење на лицето. Пред сѐ, најважно е добро да се отрстани шминката, за мене тоа е прво правило потоа сѐ останато.

* Посетувате ли козметички салони?

- Искрено многу ретко, освен по потреба за третмани на лицето.

 * Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Морам да ја пофалам козметиката што моментално ја употребувам, тоа се шампон за коса и спреј за после миење на „Dikson Luxury Caviar“. Аргановото масло е незаменливо за мене и мојата нега на коса, со редовната употреба косата ја чувствувам свежа, сјајна и полна живот. Топло ви го препорачувам и вам.

Редовно правам третмани за коса, како ботокс, ампули за потхранување на влакното и слично.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Бидејќи сакам шминка и сѐ што е поврзано со бои и уметност, шминкањето на себе и на други го доживувам како цртање и уживам со играње на боите. Доколку сакам да ги истакнам очите одам со бледо пастелни тонови на устата, и обратно појака боја на кармин со нежно нашминкани очи, а руменилото и контурите треба да се прилагодат на целосната шминка и се разбира на цртите на лицето. Сите ние имаме свои „маани” и делови кои не ни се допаѓаат, затоа шминката е таа која може да ни помогне да ги прикриеме недостатоците, а да ги истакнеме убавите црти. Затоа мислам дека секоја девојка треба да научи како да ги истакне своите убави црти макар и на најсуптилен начин, да изгледа природно, свежо и средено со малку или повеќе шминка.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Моментално целата козметика ми е „Ревокс“, мојата крема, и серумите кои ги нанесувам денски и навечер. Околу отстранувањето на шминката задоволна сум од мицеларната вода на „Нивеа“- „Detox Micellar water Urban Skin“ и гелот за измивање на лицето на „Гарниер fresh Lemongrass- Detox gel wash“. Потоа тонерот на „Ревокс“ со Ретинол е одличен за целосно чистење на лицето како финиш пред да нанесете крема. Овие производи веќе подолго време ги имам во моето козметичко катче и ќе продолжам да ги употребувам.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Кармин, сјај за уста, кафено моливче, коректор.

 * Омилен парфем?

- „Signirina  Misteriosa Salvatore Ferragamo“.

* Како ја одржувате линијата?

- Со позитивна енергија, хармоничост, добра организација, функционалност, здрава исхрана, многу зеленчук и овошје, вежбање и помалку стрес.


Фото: Кристина Трајкоска

*Д.К.И.