Пред огледало со Барбара Поповиќ: Коректорот е мојот најверен пријател

Добивај вести на Viber

Младата пејачка Барбара Поповиќ која моментално е и натпреварувачка во Балканското „IDJShow“ е 22-годишна девојка која секогаш внимава на својот изглед, а во оваа прилика пред огледалото на Женски Магазин ги раскажа своите ритуали за убавина. 

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? 

- Наутро и навечер користам многу слична рутина, а тоа подразбира чистење на лицето, потоа нанесување серум и завршувам со хидратантна крема, разликата е само во тоа што наутро последниот чекор од мојот ритуал е спф како најважна заштита на моето лице. 

* Со какви препарати го негувате лицето?

 - Како што веќе наведов, чистач за лице, серум и хидратантна крема кои што се од „la roche-posay“. 

* Посетувате ли козметички салони? 

- Одговорот е секако дека ДА! Секоја жена што води грижа за својот изглед внесува и разни третмани во своите ритуали. 

* Кои производи ги употребувате за нега на коса? 

- За негата на мојата коса се грижат од салонот „HairDo“. Ја имаат целата моја доверба.

 * Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка? 

- Покривам тоа што е минимално потребно доколку има нешто во тој момент, а секогаш ги истакнувам своите очи и усни. 

* Кои се Вашите омилени козметички производи? 

- Препаратите од „la roche-posay“ се оние кои што ми се омилени за нега на своето лице, а од оние за изразување на својата убавина - маскара и кармин.

 * Што носите секогаш во Вашиот несесер?

 - Коректорот е секогаш до мене, мојот најверен пријател во секој дел од денот и во секоја ситуација. Се случувало да имам ненадеен состанок, коректорт секогаш ми помага да изгледам како што доликува на пригодата дури и доколку не сум целосно нашминкана, покрај него се маскарата, карминот или сјајот за усни. 

* Омилен парфем? 

- „Narciso Rodriguez For Her Pink Edition“.

 * Како ја одржувате линијата? 

- Мојата линија се должи само на добра генетика. 

* Како би се опишале себе си? Што е она што Ве движи напред? 

- Себе можам да се опишам како многу упорна и истрајна личност што доколу имам некаква цел со полн фокус се движам накај остварување на истата.

 * Дали надворешната убавина е пресудна за оставење на прв впечаток? 

- Надворешната убавина е онаа која ни го привлекува првото внимание, но не е само истата доволна за впечатокот и понатаму да остане позитивен, има многу повеќе во внатрешната убавина.

 * На која дама ѝ се восхитувате и зошто? 

- На својата мајка! Што и покрај деца, сопруг и работа секогаш успева да се грижи за себе, за сите нас и да има исто доволно време да биде мојот најдобар пријател покрај тоа што има и одговорности спрема мене како родител.

 * Каква треба да е современата жена? 

- Можеби ќе звучам како феминистка, но сметам дека современата жена е борец. Покрај сите обврски и работа, таа треба да се грижи и за своето здравје и изглед и секогаш да биде јака и спремна на предизвици за да го покори светот.


Д. Караташова Илиоска