„Се плашам од жена ми!“: Сопругот на Камерон Дијаз ја изненади јавноста со изјавата за актерката
Во поткастот „Literally!“, кој го води Роб Лав, призна дека понекогаш се плаши од својата сопруга, но вели дека тоа е „од најдобри причини“.
Бенџи Маден, фронтменот на групата „Good Charlotte“, даде еден од ретките коментари за бракот со холивудската актерка Камерон Дијаз, пишува AOL.
Во поткастот чиј водител беше Роб Лав, тој призна дека понекогаш се плаши од својата сопруга, но вели дека тоа е „од најдобри причини“.
„Таа е кралица. Да и се спротивставите? Среќно. Воопшто не сакам да се мешам во тоа", рекол тој.
Неговата изјава можете да ја слушнете во видеото од 16. минута.
Роб, кој е оженет со Шерил Беркоф, се согласил со Бенџи, велејќи дека не треба да држи лутина.
Во подкастот учествуваше и братот на Бенџи, Џоел, чија сопруга е актерката Никол Ричи.
„Ја почитувам и истовремено се плашам од неа“, додаде Џоел за својата поубава половина.
Да потсетиме, Бенџи и Камерон се запознале во 2014 година, преку Никол Ричи.
По осум месеци врска, парот се венчаше во јануари 2015 година. На почетокот на 2020 година тие станаа родители на девојче Редикс, кое го роди сурогат мајка. Во март 2024 година го добија синот Кардинал.
Иако и двајцата го држат својот брак подалеку од јавноста, Дијаз го коментираше својот сопруг пред две години.
„Ме научи да се почитувам повеќе самата себе. Во нашиот брак научив како да се препуштам. Нашиот брак е највредната работа во мојот живот“, рече во поткастот „Rule Breakers“.
Извор: Najzena.alo.rsФото: Принтскрин/ Јутјуб