Ова се најскапите изгледи на Цеца: Еден чини 41.000 евра, а еве колку пејачката вложува во својот плакар

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ блеска со витката линија и со својот стајлинг каде и да се појави, а често соденови се пишува за некои нејзини издание со кои се прошетала на јавни места.
Имено, речиси секоја недела кога пејачката се појавува пред студиото на Гранд, каде што е член од жирито од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат, а пејачката покрај облека сака и скапи чанти, па често се шета и во нив.
Има и скапи часовници кои се речиси незаменлив дел од нејзиниот стајлинг.
Неодамна на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ пристигна со луксузен автомобил вреден дури 140.000 евра, она што дополнително го привлече вниманието е нејзиниот совршен стајлинг кој во исто време беше елегантен и луксузен.
Цеца во таа прилика избра облека што го истакна нејзиниот препознатлив стил, но и преферирањето на луксузни и вредни предмети. На себе носеше кафено кожено мини здолниште кое се прицврстува од напред, а со него носеше и сако во истиот дезен. Под сакото носеше црна ролка, кој го комплетираше целиот изглед. Од деталите, пејачката избра кратки кафени чизми кои одлично се совпаднале со остатокот од аутфитот.
Неодамна се одржа голема прослава по повод 20 години успешна работа на продуцентската куќа „Минакорд“, чиј сопственик е Жељко Јоксимовиќ, а на настанот присуствуваа и популарни личности.
Меѓутоа, кога се појави Цеца, сите погледи беа вперени во неа. Пејачката потоа се појави во едноставна црна јакна од брендот „Баленсијага“ вредна 3.350 евра, носеше панталони од истата марка чија цена е 1.300 евра, околу вратот имаше кристално ланче „Сваровски“ кое чини 600 евра, а она што особено привлече внимание е скапата чанта од марката „Ермес“, која чини околу 30.000 евра. Целиот стајлинг тогаш ја чинел околу 35.250 евра.
Речиси секоја комбинација што пејачката што ќе ја прошета на снимањата вреди цело богатство, па бројките се секогаш астрономски.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs