Пред огледало со Јана Спирковска: Современата жена треба да е свесна за своите квалитети и да знае да се цени самата себе

Добивај вести на Viber

Таа е талентирана поп пејачка со прекрасен глас. Родена во Скопје. Јана Спирковска има 21 година и е студентка 4-та година на економскиот државен факултет.

Нејзината љубов кон музиката се појавува уште на рана возраст. 

Денес заедно со бендот кој што го формирале пред година дена настапуваат во повеќе локали во Скопје, а и во другите градови. Најмногу ја исполнува кога својата енергија може да ја сподели заедно со публиката.

„Како најдраг настан каде што се појавив е “Макфест” каде што имав можност да ја презентирам мојата авторска песна со име “Дел од себе”. Веќе неколку години исто така сум дел и од некои проекти којшто се реализираат од страна на Црвениот Крст на град Скопје. Отсекогаш моја голема желба била да помагам на луѓето без притоа нешто да очекувам за возврат. Обожавам да се дружам и да стекнувам нови пријателства“ - ни раскажа Јана меѓудругото. Оваа весела и едноставна девојка ни ги раскажа нејзините ритуали за убавина.

*Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Мојот дневен ритуал запонува со плакнење на лицето со ладна вода и нанесување на витамин ц серум од Sephora. Потоа нанесувам хидрататна крема и крема за лице со зашититен фактор пред шминкање. Навечер исто така користам масло за отстранување на шминката и повторно нанесувам хидратантна крема. 

*Со какви препарати го негувате лицето?

-Секогаш гледам да купувам производи кои се квалитетни и дерматолошки тестирани како што се фирмите Ziaja, Revlox I Balea.

Но, најчесто користам природни производи за лице и може да се каже дека еден од омилените ми е The body shop каде што купувам добри креми за хидратација и свежина на лицето како Drops of light, добри тоници за чистење од кој најмногу го користам La roshe posay.


*Посетувате ли козметички салони?

Досега не сум посетувала козметички салони за лицето бидејќи сум немала некои поголеми проблеми. Посетувам козметички салони за маникир и педикир, а исто така и за шминка за некои посебни прилики. Но, најчесто можам да издвојам дека посетувам козметички салони за фризура бидејќи сметам дека косата има доста важна улога за надворешниот изглед.

Кои производи ги употребувате за нега на коса?

Веќе неколку години редовно ја бланширам косата, а тоа бара посебна нега за одржување. Долго време имав проблем со оштетена коса се додека не ги пронајдов производите кои ми одговараат. Најпрво избегнувам да ја мијам косата со топла вода поради дополнително оштетување. Секогаш користам маска за косата, а до сега најдобри резултати се покажале откако ја користам маската Kepro KayPro Botu. После миењето на врвовите нанесувам капки за коса од Balea. Зависно од временските услови гледам доколку можам да избегнам сушење на косата со фен, а кога го правам тоа претходно нанесувам спреј за коса за заштита од топлина Keratin Syoss. На секои две недели користам силвер шампон од Alfaparaf за враќање на убавиот сребрен сјај на косата.


*Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

Гледам да избегнувам јака шминка, односно секогаш сакам да имам што поприроден изглед. Гледам да биде се поминималистички и да прикрие некои недостатоци. Најчесто ги прикривам подочниците иако немам некој голем проблем со тоа, а гледам да ги истакнам најмногу очите. Исто така секогаш се трудам да го прилагодам изгледот во зависност од пригодата за која што се подготвувам.

*Кои се Вашите омилени козметички производи?

Морам да признаам дека омилен производ ми е Тarte руменилото кое е нежно и дава топлина и свежина на лицето. Тоа е покремаст производ кој стои добро дури и да немате full make up пудра коректор или подлоги. Потоа од Кико Милано бронзер, маскара на мејблајн. А за веѓи го обожавам сетот на Anastasija Beverly Hills brow freeze кој ги подигнува веѓите и тие стојат не променети во текот на целиот ден. Моливче за уста, сјај или траен кармин зависно од пригодата користам од Кико Милано. Омилен коректор ми е Tarte shape tape кој има одлична покривна моќ. Но, бидејќи го нема кај нас го порачувам од странство, а во меѓувреме одличен дрогериски коректор имаа од мејбејлајн. Воглавно сакам да имам минимална шминка дискретна најчесто маскара коректор и сјај на усните, но со оглед на мојата работа морам за вечерни свирки да користам повеќе производи и повеќе бои меѓу кои омилена ми е палетата од Huda beauty nude pallete. Од скоро открив еден прекрасен производ кој има улога на природен glow highliter- Empowered face gloss highlithing dew.

*Што носите секогаш во Вашиот несесер?

-Во мојот несисер секогаш носам сјај за усни и кармин. Доколку сум на некој настан каде што мојата шминка треба подолго да стои носам и поголем број на шминки за да се корегирам. Секогаш со мене носам огледалце и парфем.


*Омилен парфем?

-Мојот омилен парфем моментално е Miss Dior.

*Како ја одржувате линијата?

Квалитетната и правилно избрана храна игра голема улога за нашето здравје. Според мене на здравата храна не треба гледаме како диета туку како начин на живот. Често знам да гледам видеа за различни рецепти за здрава храна и можам да кажам дека уживам во приготвување на истата. Вежбањето е дел од моите секојдневни активности и веќе неколку години редовно одам во теретана .Бидејќи мојот брат е фитнес инструктор многу пати знам да се консултирам со него во врска со исхрана и вежби. Сепак никогаш не се ограничувам премногу и гледам секогаш да имам некаков баланс. Кога имам повеќе слободно време преферирам да пешачам на подолги релации, да планинарам и слично.

*Како би се опишале себе си? Што е она што Ве движи напред?

Себеси би се опишала како храбра девојка која постојано е подготвена за некои нови предизвици. Преферирам да поминувам повеќе време со луѓе коишто шират позитивна енергија, а исто така секогаш се трудам и јас позитивно да влијаам на другите околу мене. Секогаш сум расположена, дружељубива и голем оптимист. Како негативни карактеристики би одвоила дека сум многу тврдоглава и дека некогаш сум премногу самокритична, а кога се во прашање луѓето доста наивна.

Нешто што ме движи напред е тоа што сум многу амбициозна и доста упорна за тоа што сакам да го добијам. Секогаш сакам однапред да го организирам времето и активностите коишто ќе ги правам во текот на денот. Постојано имам поставено некои цели и се трудам максимално за да ги постигнам истите, а доколку е потребно и да се жртвувам од одредени работи. А, како најмногу нешто што би издвоила дека ме движи напред е позитивната мисла за што правам и тоа дека работите секогаш ќе одат на подобро.


*Дали надворешната убавина е пресудна за оставање на прв впечаток?

-Можеби на прв поглед е привлечна надворешната убавина, но не и пресудна. За мене надворешната убавина е повеќе релативна, а многу повеќе ми се важни внатрешните каратеристики на човекот. Некои одредени манири коишто ги поседува човекот кажуваат многу за него.К онкретно на мене секогаш ми било многу попривлечно доколку некој во себе има харизма и шарм. Но сепак доколку конкретно зборуваме за надворешната убавина, битно е секој човек да се грижи за себе и да го одржува својот изглед и здравје.


*На која дама ѝ се восхитувате и зошто?

Дамата на која и се восхитувам е мојата мајка. Пред се поради тоа што е успешна како мајка, сопруга и успешна во се она што го работи. Таа е многу издржлива, храбра и секогаш пожртвувана за својата фамилија. Голема подршка ми е во се што правам и постојано се труди да ми даде насока за донесување на вистинските одлуки. Мило ми е што имам добар пример на кој што можам да се угледам.

*Каква треба да е современата жена?

Современата жена пред сѐ треба да е дама. Односно да е секогаш средена,пристојна и љубезна. Да има убави манири, да е свесна за своите квалитети и да знае да се цени самата себе. Современиот начин на живот наметна некое брзо темпо на живеење,но тоа не значи дека современата жена не може да биде успешна на работното место и успешна во улогата на мајка. Според мене секоја жена која што добро знае да си го организира своето време може да има и добра кариера, а истовремено да биде и добар родител. Една современа жена треба да поседува и внатрешна и надворешна убавина, но пред се да биде исполнета како личност. Да ги почитува луѓето околу себе, да живее без предрасуди и да е способна да сака и да биде сакана. Да е независна и сама да си го создава и диктира својот живот и притоа да зрачи со голема самодоверба. 


Ирена Ставрова