Пред огледало со беровчанката Катерина Пипонска, стујардеса во Саудиска Арабија: Црвен кармин комбинирам со понежна шминка

Добивај вести на Viber

Катерина Пипонска е стујардеса од Берово во Саудиска Арабија. Таа за Женски магазин, открива кои се нејзините ритуали за убавина, но и како ја одржува линијата.



Дневниот козметички ритуал ми почнува и завршува исто, го чистам лицето со мицеларна вода, серум за лице неколку капки, на база на витамин Ц.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

* Со какви препарати го негувате лицето?

Со текот на годините користев различни производи и забележав дека на мојата кожа и е потребна повеќе нега затоа што е доста осетлива и најдов совршено решение а тоа е ПРП третманот. Исто така една од моите омилени брендови е лореал од кои ги користам нивните маски,  пилинзи и серуми.


* Посетувате ли козметички салони?

-Козметички салони посетувам, но не често.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

-Аргановото масло е незаменливо за мене и мојата нега на коса, со редовната употреба косата ја чувствувам свежа, сјајна и полна живот.



* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

-Јас сум личност која обожава да се шминка и за себе можам да кажам дека сум доста професионална. Уживам со играње на бои кога доаѓа до истакнување на очите .
Доколу имам јака шминка на себе идам со некој понежен кармин, а додека имам понежна шминка преферирам црвен кармин. 


* Кои се Вашите омилени козметички производи?

-За чистење на лице користам мицеларна вода ( Гарниер) и гелот од La roche.
Лореал ми се едни од омилените козметички производи и исто така користам aloe vera затоа што имам сува кожа а овие производи ми де топ за хидратација на мојата кожа.



* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

-Кармин, лабело, без огледалце и четка за коса не идам нигде, сјај за усни ,камена пудра.



* Омилен парфем?

-Бидејќи живеам во Саудиска Арабија открив многу убави пармефи кои се доста постојани спрема оние што ги имам користено до сега. Еден од нив е Bella и мојот омилен Al Majed VIP

Исто така ги преферирам парфемите на Chanel и Dior.



* Како ја одржувате линијата?

-Животниот ритам на една стујардеса е таков што за жал не можам да кажам дека ги имам сите оброци во текот денот, но се трудам да имам квалитетни оброци.
Секако во слободно време одам во теретана и преферирам пешачење.



*Ирена Ставрова