Пред огледало со Милена Антовска- Станковска: Внимавам што и кога јадам

Добивај вести на Viber

Нејзиниот ден е многу подинамичен од пред нешто повеќе од една година, откако ја роди ќерката Лана Марија. Шармантната водителка на емисијата „Сподели проблем со Милена“ на „Канал 5“ вели дека ѝ недостасуваат уште неколку часа во денот за да стаса да направи  сѐ што сака. Сепак, време за лична нега таа секогаш наоѓа. Пред да започне да ги решава проблемите на граѓаните во емисијата, за Женски магазин ги открива своите козметички ритуали. 

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Негата за моето лице почнува уште од самото будење. Покрај миењето со вода -употребувам и мицерална вода од Eucerin, па потоа нанесувам крема и шминкам за емисија. Пред спиење шминката ја бришам исто така со водата од Eucerin и нанесувам гел за подочници и ноќна крема. 

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Веќе ја споменав мицералната вода од Eucerin, крема за лице Vichy, гел за подочници на билна база и кога е потребно маска од глина за отстранување на маснотиите. 

* Посетувате ли козметички салони?

- Со оглед на мојата професија и секојдневното шминкање потребно е да посетувам козметички салони и тоа го правам прилично често, затоа што на мојата кожа навистина и треба нега. Покрај тоа одам многу често и на масажи кај моите пријатели Revive spa& wellness clinic. 

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- За косата се грижи фризерското студио Cut&Cut а кога сум дома употребувам спреј за расчешлување од Schwarzkopf Gliss hair repair а за нега врвовите Orofluido elixir. Секогаш сакам да ги истакнам очите, но тоа најдобро знае да го направи мејк ап артистот Хиба Арслани, неа најмногу и верувам и целосно и се препуштам кога станува збор за шминкањето. 

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Моите омилени козметички производи се пудрата за лице Vichy, маскара Maybelline total temptation и Yves Rocher млеко за тело со мирис на какао и круша. 

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Во мојот несесер секогаш носам кармин и сјај, камена пудра заради рефлекторите во студио, маскара и туш за очи. 

* Омилен парфем? 

Naomi Campbell ми е омилен парфер и веќе подолго време го користам. 

* Како ја одржувате линијата? 

- Линијата ја одржувам со тоа што внимавам што и кога јадам. Не јадам доцна навечер, јадам почесто ама во мали количини. Сега моментално не вежбам бидејќи сум преокупирана со новата емисија и семејството, но планирам во брзо време да почнам со физичка активност. Инаку пијам многу вода и јадам многу овошје. Тоа е мојата формула за витка линија.

Милица Џаровска