Прелесна за правење, вкусна за јадење: Шарена салата, зимница која освојува на прва

Добивај вести на Viber

За да ја направите оваа освежителна зимница потребни ви се следниве состојки:

-1,5 кг пиперка

-1,5 кг зелка

-1,5 кг краставици

-1,5 кг зелени домати

-1,5 кг моркови

-3,5 l вода

-1,5 l оцет, разреден 9%

-10 лажици сол

-9 лажици шеќер

-1 винобран

Начин на поготовка:

За да направите шарена зимска салата, прво измијте го зеленчукот. Изрендајте ја зелката, исчистете ја пиперката и исечете ја на ленти, морковот изрендајте го, краставичките исечкајте ги на кругчиња, а доматите на кришки. 

Ставете го целиот зеленчук во садот и измешајте. Во тенџере зовријте вода, оцет, сол, шеќер и винобран, а потоа прелијте го зеленчукот додека е топол. Покријте со чиста крпа и завиткајте во ќебе. 

Оставете да отстои 24 часа, а во меѓувреме промешајте ја салатата 2-3 пати. Зеленчукот се става во чисти тегли кои не се загреани и се притиска да се соедини, па се прелива течноста во која стоела салатата.  


Фото: Yotuube - screenshoot