Премиера на Врба на Милчо Манчевски во петок

Добивај вести на Viber

Во петок, на први ноември, новиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“ ќе ја има својата премиера во Скопје, по светската која се одржа во Рим, на 19 октомври.

 Официјалната премиера за домашната публика в петок ќе биде во салата на Филхармонијата од 20.30 часот, а во исто време премиери ќе има и во кината „Милениум“ и „Синеплекс“ во Скопје. 

Според Манчевски, секој филм создава свој свет. 

„Ако гледачот успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе, тогаш мислам дека ќе го засака филмот. Тој свет може да биде реалистичен и денешен а може да биде средновековен или од друго минато време“, изјави Манчевски. 

Филмот е во продукција на "Банана филм" и е македонско-унгарско белгиска копродукција.

 "Убаво е по десет години повторно да се работи дома", рече Манчевски.

 Никола Ристески, Сара Климоска, Јелена Јованова-Периќ,Камка Тоциноски се дел од актерската екипа.