ПРИЈАТНИ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ, НО И МОЖНОСТИ ЗА ДОЖД - еве какво време најавуваат синоптичарите за оваа скратена работна недела

Добивај вести на Viber

Извор: ФАКТОР

Вистинска пролет најавуваат синоптичарите за следната недела. 

Според „Метеоаларм“ во текот на оваа скратена работна недела не очекуваат пријатни темперератури кои ќе ги донесе топол бран од југот. 

- Во текот на седмицата која што ни следува од понеделник 14 април па се до недела 20 април под влијание на топла воздушна маса од југ ќе имаме релативно високи пролетни температури на воздухот, кои на многу места ќе се искачуваат близу или околу 20 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 25 степени - најавува Славчо Попоски на неговата „Метеоаларм“. 

Во Скопје и околината температурата за време на овој период ќе надминува 20 степени.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, кој повремено ќе биде  и засилен на интензитет.

Сепак, и покрај ова, поради циклон со центар над Џеновскиот Залив, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со малку пообилен интензитет. И во Скопје  и околината времето ќе биде променливо и со услови за повремен локален дожд.

- Да напоменам дека, ниски минусни утрински температури не очекувам, па така не постои никаква опасност од појава на нови мразеви - заклучува на крајот Попоски. 

Фото: Freepik.com