Приказна за кралицата која го кине срцето: Имаше глас на ангел, срце на светец - одгледа 48 деца, живееше за да им помага на другите!

Фото насловна: Youtube/screenshoot/Misko Ivanov

Ќе остане запаметена по моќниот глас, но и по хуманитарната работа!

Пејачката Есма Реџепова почина во декември 2016 година на 73-годишна возраст и зад себе остави наследство како малку други!

Родена е во Македонија во 1943 година, како петто од шест деца. Нејзиниот татко ја изгубил ногата во бомбардирањето во 1941 година, а Есма му помогналана достоен начин да заработи за пристоен живот за семејството. Тој бил чистач на чевли, а малата Есма работела дополнително, носела млеко, чистела станови ...

„Детството ми беше многу тешко, но го користев како големо училиште. Всушност, како дете ја чувствував потешката страна на животот. Додека многумина растеа безгрижно, јас работев разни работи, носев млеко, чистев станови, го чував кучето на познатиот скопскид-р Ципушев, а парите што ги заработував ги трошевекономски. Го обожавав киното, па со своите заштеди купував билети. Се борев против предрасудите во општеството, секогаш морав да се докажувам некому, но како што може да се види, се исплати, му благодарна сум на Бога за тоа“, рече кралицата на ромската музика во една прилика. 

Дека воопшто не и било лесно сведочи изјавата што таа ја даде во едно интервју.

„Кога луѓето во семејството се сакаат, сиромаштијата не е тешка. Најтешко ми беше кога започнав прво одделение и кога сите ме нарекуваа „Циганка“. Никој не сакаше да седи со мене на клупа. Тогаш првпат сфатив дека сум поразлична од другите деца, а тоа ми беше најтешко“, рече Есма.

Имала само 10 години кога започнала да пее, а на 13-годишна возраст победи на музички натпревар каде се сретнала и со Стево Теодосијевски, познат хармоникаш и водач на оркестар. Тој побарал дозвола од родителите на Есма да им се придружи и да настапат на турнеја. Со согласност на родителите, девојчето започнало професионално да се занимава со музика и да настапува со оркестарот на многу места, а подоцна и низ целата планета. Стево бил нејзин учител, пријател и соработник.

Со текот на времето, од пријателство се родило љубов, па Есма се омажи за Стево, кој беше 22 години постар од неа. Тие немаа свои деца, но им помагаа на другите деца. Тие посвоија дури четириесет и седум момчиња, кои ги образуваа, главно се занимаваа со музика и настапуваа во нивниот оркестар „Теодосиевски“. Есма ги одгледа сите свои синови и се грижеше финансиски за нив. После голем број синови, таа посвои девојче. 

"Мислам дека имавме хармоничен брак. Никогаш не бевме лути еден на друг, се сакавме и се почитувавме. Секаде има мали кавги, но тоа се само малите нешта што на шега ги надминавме". Изјави во една прилика Есма за „Hello“.

Својот живот го посвети на песни и хуманитарна работа, a тоа го стори со толку многу љубов и успех, што двапати беше номинирана за Нобелова награда! Првиот пат во 1987 година како кандидат на Југословенскиот црвен крст, а вториот пат на иницијатива на Светската организација на Ромите. Познато е дека таа со сите сили се бореше за подобар статус на Ромите во светот.

Во 1976 година, во Гандинагар, Индија, беше прогласена за кралица на ромската музика, што и даде голема мотивација да работи и да создава неуморно. Таа создаде повеќе од 580 уметнички дела, кои вклучуваат над 100 синглови, 20 албуми и шест филмови.


Фото: Youtube/screenshoot/RTV KLAN/Nikad nije kasno

Можеби ќе ве интересира:

Се позајмуваше за музејот, две години спиевме во приколка: Синот на Есма си ја отвори душата