Се позајмуваше за музејот, две години спиевме во приколка: Синот на Есма си ја отвори душата
На денешен ден пред три години, по кратко и тешко боледување, почина Есма Реџепова-Теодосиевска. По смртта на нашата легендарна пејачка, кантавтор и хуманитарец, почна правната битка за нејзиното творештво, но и за нејзината оставнина.
Токму на годишнината од збогувањето со кралицата на ромската песна, едно од децата кои ги одгледа, Симеон Атанасов,одлучи јавно да се обрати и да ја каже неговата страна на приказната. Ви ја пренесуваме во целост.
Токму на овој ден кога изминуваат три години од смртта на големата Есма Реџепова (Мојата Мајка), јас решив да проговорам за сите други да ја дознаат вистината. Кога во 1991 година Стево и Есма Теодосиевски решија да се вратат во Македонија, тука да направат музеј и се’ што стекнале во нивните долгогодишни музички кариери да ѝ остават на оваа држава, јас паметам дека тогасните власти на Р. Србија со жалење го прифатија тоа. Нивните зборови беа: „Молимо вас да не идете из Београда, ми чемо да вам изградимо музеј где ви то пожелите“. Сепак на инсистирање на Стево се преселивме во Скопје. И така поцнаа проблемите. Сигурно многумина од вас ќе се сетат на големиот наслов „На Водно нема да чука тарабука“. Не им дозволија да се гради музејот на Водно, иако самите беа инвеститори на се’, пари заработени со нас децата кои што исто така имаме придонесено барем по една цигла за тој музеј. Со големи маки им дозволија да се гради на Кале. Додека се градеше, ние спиевме во камп приколка 2 години. Сите деца што беа во тоа време си заминаа, јас останав бидејки немав каде одам. Некако се изгради дел од тој музеј, барем некои простории за да се сместиме внатре, но требаше уште многу за да се заврши.
Почина Стево остави еден куп проблеми со кои требасе да се справува Есма, долгови за градба, мајстори, дрвени прозори од кои што дуваше бидејќи беа ставени колку да се каќе дека има прозор итн. Почнавме да работиме и некако се гледаше крајот на таа градба, 860м2 и дворно место 1300м2 не е малку, но сепак не беше се’ уште се’ заврсено. Се појави видовитата Клеопатра која што ѝ кажа на Есма: „Ја сам сањала да теби морам да помогнем да завршиш музеј". Така и беше. Дојде, се смести во куќата и почна да работи со луѓе и секоја вечер собираше пари кои ѝ ги даваше на Есма. Но на тие пари не им се знаеше трагот, веројатно дека беа земани од луѓе кои што си имаа своја мака. Помина и тој период, музејот не беше завршен, па еден ден и предложив на Есма да земеме кредит за да го заврши и да го види готов додека е жива, а тоа и се случи. Со 50.000 евра беше веќе при крај, остана само големата музејска сала каде што по некоја си желба на Стево требаше и нивните урни да бидат поставени. Ништо од тоа не се случи и сега после 3 години откако почина Есма, оваа држава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тоа припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се“ што беше вредно, фрлија цела историја во вода, се’ што е градено со години веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет што дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново - Мајко не ви се исполнети желбите. Почивај во мир!