Принцот Хари и Меган конечно ја покажаа ќеркичката Лилибет: Споделија празнична честитка од целото семејство

Ова е најубавото време од годината за кралските фанови. Секако тука се и самите празници, но уште подобро за оние кои се посветени на следењето на британското кралско семејство, овој период од годината значи многу фотографии и желби директно од самите кралски членови. Претходно овој декември, Вилијам и Кејт ја споделија својата празнична честитка, како и Чарлс и Камила, а сега принцот Хари и Меган Маркл исто така објавија празнична честитка - а во нивната празнична честитка споделија фотографија и од на нивното девојче Лили.


„Среќни празници“, пишува во честитката.

„Оваа, 2021 година, и посакавме добредојде на нашата ќерка Лилибет. Арчи нè направи „мама“ и „тато“, а Лили нè направи семејство“.

Белешката продолжува со детали за голем број организации што Сасекс ги поддржуваат оваа година. „Додека со нетрпение ја очекуваме 2022 година, дониравме на неколку организации кои ги почитуваат и штитат семејствата - од оние кои се преселени од Авганистан, до американските семејства на кои им треба платено родителско отсуство.

Ви посакуваме среќни празници и бериќетна Нова Година, од нашето семејство до вашето!

Како и секогаш,

Хари, Меган, Арчи и Лили“



Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - lolitavogue/lifestyle___vibes