Принцот Луис не ја сака социјалната дистанца ама секогаш е подготвен за прегратки

Во интервју за Би-Би-Си во вторникот, Кејт Мидлтон откри дека нејзините деца се прилагодуваат на новата нормала, која ни ја наметна пандемијата на коронавирус.

„Луис не го разбира социјалното дистанцирање. Тој оди надвор, сакајќи да гушка сè, особено бебиња кои се помлади од него “, откри Кејт.

Војвотката, исто така, откри каков е животот во последните неколку месеци кај нив дома, дека Луис, Џорџ и Шарлот очигледно уживаат во честите ужинки за време на карантинот. „Моите деца се како јами без дно. Се чувствувам како машина која работи постојано за да ги нахрани “, се пошегува Кејт.





Војвотката исто така ја истакна важноста на родителите да го охрабруваат учењето во и надвор од училницата, за децата да бидат целосно подготвени за учебната година. „Тоа е навистина важно. Не станува збор за играчки или за возбудливите места каде што одите со нив, туку за тоа како вие како родители комуницирате со нив. Тоа е она што е навистина важно “, истакна војвотката.

Во интервјуто, Кејт се појави со нова боја на коса и освежена летна фризура.