(ФОТО) Совршено летно издание на Кејт Мидлтон: Во креација со која докажа зошто е модна икона на стилот

Добивај вести на Viber

Откако мерките за заштита од корона вирус малку попуштија, Кејт Мидлтон се врати на кралските должности, гостувањата и состаноците со разни организации и институции.


Па така војвотката, за време на презентацијата на иницијативата за образование на Би-Би-Си наречена „Мали среќни луѓе“, заблеска во миди црн фустан со бели точки и нејзините омилени еспадрили во беж боја.

Овој модел на фустан е вистински хит сезонава и одговара на секоја фигура.


Во последните неколку недели, идната кралица честопати ја носеше косата врзана, па никој не забележа дека Кејт направила летно освежување на косата.


Идната кралица отсекогаш имала бујна, сјајна коса, којашто ја одржува со помош на арганово масло, кое успешно ја храни косата која постојано е изложена на стилизирање. Исто така, нејзината стилистка Аманда Кук Тајлер еднаш откри дека користи дури шест различни производи за косата на Кејт, како спреј за текстура, волумен и еластичност, но и креми за свилен финиш и многу спреј за фиксирање на косата.

View this post on Instagram

Say hello to @bbctinyhappypeople! Tune into @bbcbreakfast  on Tuesday 14th July to join The Duchess of Cambridge and three families involved in its creation. Tiny Happy People is a BBC Education initiative providing a range of free digital resources, specifically designed to support parents and carers in developing children’s language from pregnancy to the age of four. Take a look at the resources via the link in our bio #TinyHappyPeople

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal) on





Фото: Инстаграм и Profimedia

Кејт Мидлтон или Меган Маркл: Која има поголемо влијание во модата