Рецептот за сјајна коса на Кејт Мидлтон: Направете си го дома сами

Сјајна коса полна со волумен е она по што е позната Кејт Мидлтон. Многумина мислат дека војвотката од Кембриџ дава огромна сума на пари за да ја одржува виталноста на својата коса на која многумина ѝ завидуваат. Но, не е воопшто така. Фризерот на Кејт и на кралското семејство Даниел Галвин, откри дека нејзиниот начин на одржување е многу практичен и ефтин. 

Станува збор за еден вид на детокс на коса. Се препорачува да се користи еднаш во два месеци. Фризерот додава дека темелно измиенета коса е најважен фактор за совршена фризура. Ова е рецептот на Кејт за здрава коса кој можете да си го подготвите дома самите. 

- 1 лажичка витамин Ц во прав

- 1 лажичка јаболков оцет

- 1 лажичка масло со витамин Е

- 1 лажичка кокосово масло

Овие состојки измешајте ги и додадете една шолја топла вода. Откако смесата ќе ја  измешате, нанесете ја на убаво избришана коса  и оставете ја неколку минути, па измијте ја.