Кејт Мидлтон или Меган Маркл: Која има поголемо влијание во модата

Добивај вести на Viber

Нивните модни стилови се сосема различни

Каде и да се појават, Меган Маркл и Кејт Мидлтон го привлекуваат вниманието на јавноста, а нивните модни комбинации се набљудуваат и оценуваат со особено внимание. Овие две дами се претставници на сосема различни модни стилови, поради што тие често се наоѓаат на моден дуел.

Скоро сè што ќе облечат Меган и Кејт се распродава за само неколку часа, тие со своите модни избори ги диктираат трендовите.

Сепак, која од нив две има поголемо влијание во модата?
Војвотката од Кембриџ сè уште има најголемо модно влијание во Велика Британија, затоа што дури пет нејзини комбинации на облека, кои неодамна ги носеше за време на видео повик преку апликацијата „Zoom“, се распродадени за само неколку дена, пишува „The Sun“.
Побарувачката за гардероба која ја носи Кејт е зголемена за 86 проценти од воведувањето на мерки за карантин во Велика Британија, а се проценува дека она што таа го носи има три пати поголеми шанси да се продаде во споредба со облеката што ја носи Меган Маркл.


Иако, Меган досега покажа одличен моден вкус, се чини дека Кејт за себе ја потврди титулата икона за стил, а многу жени во Велика Британија и во целиот свет, слепо ѝ веруваат кога станува збор за избор на облека.

Доказ за тоа е неодамнешното појавување на Кејт Мидлтон во детското засолниште во Норфолк.


За оваа пригода, војвотката од Кембриџ избра да носи убав фустан од марката „Faithfull“, со цветен дезен.

„Кејт ефектот“ дефинитивно и овој пат „запали“, па оваа креација, која чини 180 фунти, веднаш беше распродадена.

Дали ви се допаѓа стилот на Кејт Мидлтон?


Фото:

Биди како Кејт Мидлтон: 5 лекции за кралски манири што секоја жена треба да ги знае