(ФОТО) Стајлинг за чиста десетка: Кејт Мидлтон во совршена летна комбинација
Војвотката од Кембриџ не ја симна насмевката од лицето, а со изборот на стајлинг, уште еднаш „победи“ кај модните критичари, така што и овој пат, не можеа да ѝ дадат пониска оценка од чиста десетка.
Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам ги израдуваа децата со посебни потреби во Норфолк и поминаа едно попладне со нив во дружење и уредување на градината.
Фустанот на Кејт е совршена комбинација од најголемите летни трендови, кратки ракави, миди должина, цветен дезен и пастелни нијанси во кои доминира хит бојата на сезоната, виолетова.
Таа го надополни стајлингот со еспадрили на платформа во бежова боја, кои во моментов се голем моден хит.
Што се однесува до шминката и фризурата, таа остана доследна на самата себе. Природниот изглед е она што ја прави препознатлива.