Биди како Кејт Мидлтон: 5 лекции за кралски манири што секоја жена треба да ги знае
Кејт Мидлтон изгледа како да е родена кралска
личност. Движењето, манирите, социјалните квалитети - Војвотката остава
впечаток дека сите овие работи се сосема природни и лесни за примена. Се
разбира, тоа воопшто не е точно.
Па, можеби не сме членови на кралското семејство,
но тоа не значи дека не треба да се стремиме да бидеме како нив - дипломати,
елегантни и љубезни.
Ви презентираме 5 правила по кралски манири што
можеме да ги примениме во нашето секојдневие:
Научете да
седите на стол како член на кралското семејство. Седнете исправено и не ги
прекрстувајте нозете - оставете ги да стојат една до друга и навалени во една
насока.
Носете ја чантата како војвотка. Држете ја пред себе и со двете раце. Кога треба да седнете, поставете ја чантата помеѓу задниот дел од столот и грбот.
Вистинската жена зрачи со грациозност и елеганција, дури и ако е облечена во спортска облека или ако излегува од автомобил со високи непријатни чевли.
Бидете воспитани и љубезни, дури и кон оние што не ви одговараат со иста добра волја. Добрите манири никогаш не излегуваат од мода.
Избирајте ги вашите зборови внимателно и
избегнувајте употреба на жаргон и цинизам. Обидете се да кажете „Извинете“
наместо „Опа“.
Извор: edna.bg
Фото: Getty
(ФОТО) Стајлинг за чиста десетка: Кејт Мидлтон во совршена летна комбинација
(ФОТО) Кејт Мидлтон повторно рециклира: Убедливо најомиленото парче облека на британската принцеза