(ФОТО) Кејт Мидлтон повторно рециклира: Убедливо најомиленото парче облека на британската принцеза
Војвотката од Кембриџ е фотографирана по дваесетти
пат во нејзиниот омилен син фустан од дизајнерот Стела Мекартни.
Имено, Кејт Мидлтон се појави на јавен настан -
локален натпревар за фотографирање, во очигледно, омиленото парче од нејзината
гардероба - миди сино фустанче, во кое имавме можност да ја видиме безброј
пати.
Кејт за прв пат го носеше фустанот во јавноста во
јули 2012 година за време на посетата на Националната галерија, а потоа
повторно во август истата година, на еден од натпреварите на мажи на Вимблдон.
Војвотката потоа го рециклираше фустанот во 2014 година за Игрите на Комонвелтот во Глазгов и повторно во 2016 година, кога беше фотографирана во него заедно со синот Џорџ и сопругот Вилијам.
Омилената облека на британската војвотка, која
чини 685 фунти, очигледно е парче облека што Кејт навистина го сака, со оглед
дека таа веќе осум години редовно се појавува во него во јавноста, што е многу
атипично за јавните личности, особено членовите на кралското семејство.
Фото: Profimedia
(ФОТО) 5 фустани со цветен дезен со кои Кејт Мидлтон го освои модниот свет
Кејт Мидлтон никогаш нема модни утки: Откриен нејзиниот трик