Здравје // Рецепти
Пробајте ја оваа техника: Пиперките „сами“ ќе се лупат
Овој период е сезона на зимници. Домакините секако бараат начин од година в година како да си ја олеснат работата, особено како полесно да го подготват ајварот. Лупењето пиперки е една од речиси најтешките работи кога се подготвува ајвар, па затоа, доколку досега не сте слушнале, ние ви нудиме одлично решение, како полесно да ја отстраните лушпата.
Веќе печените пиперки ставете ги во кеса и врзете ги така да што нема да влегува воздух во кесата. Оставете ги да отстојат некое време додека не омекнат и не се оладат, па лушпите лесно ќе се одвојуваат и целата постапка ќе ви оди побрзо.
Ова е техника на искусните домакинки, па кој пробал се уверил во ефикасноста на „техниката“.
Фото: freepik