,

Промоција на новиот парфем Јоy by Dior, мирисот на радоста

Добивај вести на Viber

Вчера, во хотелот Арка во Скопје се одржа официјалната промоција на новиот парфем од куќата на Dior, Јоy by Dior.

Гостите кои беа поканети на настанот, имаа можност први во Македонија да ја погледнат кампањата зановата креација на Dior, како и да го почувствуваат овој сензуален мирис.

На почетокот на присутните гости им се обрати Сунчица Величковиќ - Смилјаниќ, бренд менаџер за Dior на компанијата ИТИ Козметик, која ги запозна со приказната за создавањето на новиот парфем.

Како настана JOY

„Јоу“ - едноставен и краток збор кој носи чувство чие постоење е посакувано.

Тука е, го чувствуваме,  го сакаме...Но, прашањето е како чувството на радост да се преточи во парфем? Амбиција која стана реалност.  Мирис кој ги пренесува сите животни радости, кој го чувствувате како минува низ телото, кој ја изразува миризливата сензација на постоењето, каде што не постои можност за непредвидени случувања.

Мирис кој ги гали сетилата, кој го чекате со отворени раце, кој не остава ниту еден човек рамнодушен. Не можете да дефинирате дали е цветен, свеж или млечен. Но, без разлика на сите карактеристики кои се обидувате да ги дефинирате и не знаете точно кои се, во едно сте сигурни - тоа е мирис кој носи  РАДОСТ(JOY).

„Parfums Christian Dior“

Не случајно актерката Џенифер Лоренс е избрана да биде заштитно лице. Извонредна актерка која е вистинска ѕвезда во галаксијата на Dior која му дава карактер на новиот парфем благодарение на нејзината природност и сензуална женственост. Секогаш автентична, блескава, сончева и прекрасна  - таа ја пренесува РАДОСТА на Dior.

Парфемот е достапен во сите подобро снабдени парфимерии во Македонија.