Првата дама во хумана мисија на Инфективна клиника за Велигден: Ги посети колегите и порача да бидеме истрајни

Празниците се можност да споделиме меѓусебна почит, заедништво, љубов кон нашите најблиски, кон заедницата, кон нашите сограѓани, вели првата дама на земјава Елизабета Ѓоргиевска која на овој голем празник заедно со синот ја покажа уште еднаш хуманоста на дело.

„Во овие тешки услови на пандемија, со Оги ги посетивме моите колеги на Клиниката за инфективни болести, кои Велигден го поминуваат во неуморна работа, продолжувајќи со својата благородна мисија.



Покажувајќи ја нашата солидарност со еден мал гест на внимание, ја пренесуваме пораката на надеж и светлина на овој голем празник за да бидеме истрајни пред сите искушенија и предизвици со кои се соочуваме.



Нека е за многу години големиот празник Велигден!“, напиша на социјалните мрежи сопругата на претседателот Стево Пендаровски.


Елегантна, со пролетен детаљ кој освојува: Првата дама во посета на децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас