Елегантна, со пролетен детаљ кој освојува: Првата дама во посета на децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

Добивај вести на Viber

Елизабета Ѓоргиевска заблеска во пролетно издание.

Како и секогаш, првата дама облече внимателно избран стајлинг кој не отстапува од нејзиниот елегантен стил.
Ова е едно од нејзините први појавувања во пролетно издание откако се покачија температурите и не нѐ изневери.

Минималистичкиот елегантен фустан го надополни со моден детаљ кој е задолжителен пролетва. 
Се работи за марама со шарен дезен, а првата дама одбра да ја стави околу вратот и со тоа да го „освежи“ стајлингот и да му даде пролетна нота на истиот.

На нозете носеше салонки во крем боја кои одлично се вклопуваат во нејзиниот стајлинг.

Првата дама секогаш остава голем впечаток со стилот, кој многумина би го поврзале со стилот на Војвотката Кејт Мидлтон.

Нашата прва дама дефинитивно секогаш знае да го одбере вистинското модно парче за вистинската прилика, како оваа во која испрати и моќна порака.
 Имено, бидејќи април е месец за подигнување на свеста за аутизмот, Елизабета ја нагласам потребата од заедничка поддршка за да им помогнеме и да им го олесниме процесот на социјализација на овие лица. А раното откривање на аутизмот, особено кај децата, е важно за соодветен третман и за понатамошна рехабилитација, истакна таа.