Прво појавување на Меланија Трамп по долго време: Поранешната прва дама во стајлинг што го одзема здивот, а сите го коментираат овој детаљ
Прво појавување на Меланија Трамп по долго време: Поранешната прва дама во стајлинг што го одзема здивот, а сите коментираат овојдетаљ
Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, беше видена како ја напушта кулата Трамп во Њујорк во средата пред прославата на роденденот на нејзиниот сопруг Доналд. Меланија носеше елегантна бел кошула-фустан, а ова е и нејзино ретко појавување во јавноста бидејќи во последно време едвај некаде можеме да ја видиме.
Меланија била придружувана од нејзиниот син, 17-годишниот Барон Трамп, а се верува дека отишле во Бедминстер каде се очекува прославата на 77-от роденден на Доналд, пишуваат странските медиуми.
Инаку, поранешната манекенка во шестата деценија од животот е во топ форма и има многу тесна половина, па многумина се прашуваат како ѝ успева. Според странските медиуми, Меланија е висока 176 сантиметри и тешка 62 килограми.
Melania Trump steps out in $3,200 Gucci dress ahead of Donald’s ‘low-key’ Bedminster birthday https://t.co/IFpeQXqdrM pic.twitter.com/kc13FrlJxw
— Page Six (@PageSix) June 15, 2023
Моделот не ги следи трендовите и не подлежи на диети за намалување насочени кон драстично слабеење. Практикува урамнотежена, здрава исхрана базирана на овошје. Правилото е едноставно - секој ден, покрај останатото, јаде и по седум парчиња по некое овошје.
Исто така, често јаде зеленчук, особено спанаќ и домати. Таа редовно пие јогурт направен од обезмастено млеко, ужива во риба, а ниту таа ниту нејзиниот сопруг Доналд никогаш не сакале да пробаат локални специјалитети за време на нивните патувања во странство. Повеќе сакале да јадат салати или некои јадења кои се подготвуваат и во Америка, како пржено пилешко и стек.
Да потсетиме, Меланија и Доналд застанаа пред олтарот на 22 јануари 2005 година на Флорида. Нивната венчавка беше прогласена за најгламурозна на 21 век, а Меланија носеше венчаница од Диор од 100.000 долари.