Првото појавување на Меган Маркл по загубата на бебето носи силна порака

Меган Маркл успеа уште еднаш да ја разнежни јавноста. Своето прво појавување откако јавно призна дека имала спонтан абортус го одбележа со силна порака.

За сите „тивки херои“ кои храбро и немо им помагаат на оние на кои им е најпотребно за време на најголемата глобална криза, Меган храбро зачекори напред и им се обрати со следниве зборови...

- Сите видовме како се преземаат мерки во заедниците. Како можеме да се залагаме едни за други. Кога престанаа програмите за ручек за деца, видовме како нашите соседи се осигураа дека тие деца сè уште добиваат храна. Вечерва ги славиме овие тивки херои, за кои знаеме, а за кои аплаудираме од далеку. Ние ја знаеме вредноста на храната, дека таа е извор на живот. И во моменти на криза, топол оброк може да направи да се чувствуваме пријатно, исто како и многу потребната прегратка, особено во отсуство на човечки контакт поради социјалната дистанца на која сите се придржуваме - рече Меган Маркл и продолжи:

- За многу семејства, влијанието на пандемијата беше поразително, а премногу од нив се соочија со страшното прашање: „Како ќе обезбедам храна за моето семејство?“ Но, соочени со оваа разорна реалност, ние исто така ја видовме силата на човечкиот дух и извонредните начини на кои заедниците реагираат во тешки времиња. Видовме добро кај луѓето. Поединци станаа и овозможија да се исполнат најосновните потреби во заедниците. Ни покажаа на сите дека дури и во најмрачните времиња, кога сме обединети, имаме моќ да ги потсетиме другите дека има надеж и дека на крајот ќе бидеме во ред - заклучи Меган.

Космичката храброст и смиреност на Меган по трагедијата што ја преживеа ги охрабри многумина да бидат оптимисти и да веруваат дека Сонцето секогаш доаѓа по дождот.

Да се ​​потсетиме, поранешната војвотка од Сасекс неодамна призна дека го изгубила своето бебе во јули, а за „Њујорк Тајмс“ откри дека и се слошило дома во Лос Анџелес.


извор: story.rs

Несреќата ги зближи: Кејт Мидлтон и се јавила на Меган, по нејзината исповед за губење на бебето