Несреќата ги зближи: Кејт Мидлтон и се јавила на Меган, по нејзината исповед за губење на бебето

Спонтаниот абортус што го доживеа Меган Маркл ова лето ги зближи двете јатрви!

Меган Маркл (39) неодамна ја шокираше јавноста признавајќи дека доживеала спонтан абортус во јули оваа година.

За нарушениот однос меѓу војвотката од Сасекс и јатрва ѝ Кејт Мидлтон се зборуваше во медиумите веќе подолго време, но сега магазинот „Нова идеја“ пишува дека паднало помирување.

Имено, кога дознала за абортусот, Кејт и се јавила на Меган и и изразила жалење, велејќи дека принцот Вилијам и таа едвај чекаат да ги посетат во Америка, штом ситуацијата со пандемијата на коронавирусот малку се смири.

Извор близок на Меган потврди дека Кејт направила чекор кон помирување со тој повик.

Имено, брачните парови на кралското семејство не се сретнале од март годинава, кога Меган и Хари ги напуштија кралските должности и се преселија во Америка, што предизвика напната врска.

Браќата Хари и Вилијам се во кавга веќе подолго време, а Меган, според извештаите на медиумите и тврдењата на бројни извори блиски до семејството, се чувствувала отфрлена од војводата и војвотката од Кембриџ, како и целото кралско семејство.

Затоа, топлиот и сочувствителен потег на јатрвата ја изненади и ја разнежни во толку тежок момент.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Полусестрата на Меган Маркл: Се жалиш, а не праша како е тато по два срцеви удари