Болна исповед на Меган Маркл: Додека го држев своето првородено, знаев дека го губам второто дете

Добивај вести на Viber

Војвотката од Сасек ја сподели својата болка. Меган Маркл денес откри дека имала спонтан абортус кога се преселиле во САД. Актерката изјави дека го избула своето второ дете, откако почувствувала „остар грч“ во стомакот, додека во јули му менувала пелена на синот Арчи.

Како што открива за „Њујорк Тајмс“, најтешко ѝ паднало кога го видела сопругот, тоа што принцот Хари како тагува, а и таа самата се „распаѓала на парчиња“.

„Откако му ја променив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Се спуштив на подот со него во прегратка, пеејќи му приспивна песна која би не смирила и двајцата. Веселата мелодија беше апсолутен контраст на моето чувство дека нешто не е во ред“ - напиша таа.

Во рубриката под назив „Загуби што ги споделуваме“ напиша:

„Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто.“

Меган напиша дека тоа се случило едно јулско утро кое изгледало како и секое друго. Кога се разбудила и ги нахранила кучињата, ја врзала косата во коњско опавче и му се посветила ан Арчи. Почнала да му ја менува пелената, кога почувствувала силна болка во стомакот.

„Неколку часа подоцна лежев во болничкиот кревет, држејќи го сопругот за рака. Ја чувствував топлината на неговата дланка, а тој ми ја бакнуваше раката која беше мокра од нашите солзи. Гледајќи во ладните бели ѕидови, се распаѓав на парчиња.“ - заклучи таа.


Можеби ќе ве интерсира:

Меган Маркл знае дека со Хари не се повеќе „златна двојка“: Зошто?