Психолог Косаченко: Децата ги поминуваат најубавите години криејќи се во засолништа, последиците ќе ги чувствуваме долго време

Нема мир за Украинците откако почна војната на 24 февруари. Ретки се оние кои не чувствствуваат стрес и психолошки последици.

Истражувањето на социолошката група Рејтинг покажа дека бројот на Украинци кои својата емоционална состојба ја оценуваат како многу напната или напната е речиси 50 отсто. Во мирна емоционална состојба денес се само 8 отсто од испитаниците, додека пред војната оваа бројка се движеше од 22-26 отсто.

Постарите луѓе ја дефинираат својата состојба како емотивно најнапната. Оваа ситуација е забележана и кај жените, кои обично поемотивно реагираат на тешки ситуации. Речиси 60 отсто од нив имаат високи и многу високи нивоа на емоционален стрес, додека кај мажите погодени се само 35 отсто. Огромното мнозинство (74 отсто) од оние во тешки околности ја оценуваат својата состојба како стресна. Најпогодени се оние кои ја напуштилe источна Украина или ја изгубиле работата поради војната.

„Луѓето умираат, губат работни места и станови. Децата ги поминуваат најубавите години, криејќи се од воздушни напади, проектили, во засолништа и подруми, добиваат физички и психички повреди.  На 27 јуни, руски авиони фрлија бомба врз трговски центар во Кременчук, на 26 јуни, врз станбена зграда во Киев. Речиси и да нема градови што не биле погодени од војната. И возрасните и децата страдаат од стрес,  психолошка траума, стравови, анксиозност, напади на паника. Да, се разбира, луѓето бараат помош и им е потребна поддршка во горенаведените услови. За жал, психолошките последици од војната ќе се чувствуваат долго време. Понекогаш луѓето дури и не бараат помош, бидејќи фокусот сега е на опстанокот“, вели психологот Светлана Косаченко за Фактор.


Подетално читајте на Фактор тука.