По фотографијата каде се држи за стомак, Рада Манојловиќ откри дали е бремена

Рада Манојловиќ бремена?! 

Пејачката Рада Манојловиќ на Инстаграм сподели фотографија на која еден детаљ веднаш ги возбуди нејзините следбеници.

Пејачката Радмила Рада Манојловиќ со години е во хармонична врска со Харис Берковиќ, нејзиниот колега, а иако и двајцата се многу популарни, секогаш се труделе деталите од романсата да ги чуваат подалеку од медиумското внимание и интерес.

Токму поради тоа што се долго време во врска, многумина се прашуваат кога ќе се одлучат за следниот чекор, а со последната фотографија згодната пејачка ги разбранува брановите на Инстаграм.

Имено, Рада објави фотографија на која позира во тесен фустан и со рацете се држеше за стомакот. Поради тој детаљ многумина помислија дека Рада е бремена, а следеа и коментари на Инстаграм, од прашањето дали срцето на стомакот има подлабоко значење, до оние кои веднаш претпоставуваа дека убавата пејачка е бремена, па и честитаа.


Сепак пејачката откри дека не е бремена.

- Харис е во право, тој беше првиот што рече дека изгледам како да сум бремена. Видов и коментари. Таква е само позата. Сама се сликав. Фотографијата испадна сосема спонтано. Секако, не сум бремена – изјави пејачката за СрбијаДанас.


Фото: Инстаграм -  Рада Манојловиќ