Раде Шербеџија, Ленка Удовички и Милан Мариќ во Скопје: Со мерак работиме заедно, но има и кавги, како и дома
Раде Шербеџија, Милан Мариќ и Ленка Удовички се во Скопје, и вечерва во Драмски театар ќе ја играат „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во рамките фестивалот „Рута“ кој ќе понуди шест претстави.
- Многу ми е тажно ова доаѓање во Скопје, го нема мојот Медо. Ние се дружевме секој пат кога ќе дојдев“, рече Шербеџија на почетокот од средбата со медиумите во Драмски, за својот пријател, филмскиот продуцент Горјан Тозија кој почина во јануари годинава.
Шербеџија не првпат игра во претстава која ја режираа Ленка Удовачики, а „Вирџинија“ е работена по текст на Едвард Олби.
- Задоволство е да се работи со Раде, но има и кавги, несогласувања, како и дома. И младите актери се сведоци на тоа, рече Ленка Удовички за својот сопруг. Милан Мариќ, кој доживеа голема популарност по главната улога на филмот „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ, истакна дека тој многу учи од Шербеџија.
- Играм на сцената со некој кој ми е идол од дете. Таква е таа стара школа, и да научи, и да те насмее, и да извади кога треба“, рече Мариќ кој за првпат се запознал со Шербеџија кога играл студентска претстава во Ријека во 2014 година. Раде тогаш дошол да го пофали, и од тогаш трае нивната сорабтка.
- Директорката на Драмски, Катерина Коцевска ми рече дека претставата е распродадена, и дека сме можеле да играме уште 10. Не е ова претстава распродадена пораи мене, туку ради Милан, него го сакат луѓето“, рече Шербеџија.
Раскажа и дека брачниот однос со Ленка му помогнл полесно да навлезе во улогата на Џорџ во претставата, но и дека имал судир со сопругата и со ќерките во нивниот театар „Улисис“ на Бриони во Хрватска.
- Јас немам брачно искуство, немам брак зад себе и оваа претстава освен што работата со Раде и со Ленка ми е школа, ми е приватно школа“, кажа Мариќ. Шербеција пак, расположен за разговор како и секогаш, раскажа анегдота за семејството.
- Ме наговараа Ленка и ќерките веќе да не го играм кралот Лир на Бриони. Ме наговараа да не го носам мртвото тело на Корнелија на крајот од претставата која ја играше нашата ќерка Нина, затоа што имам проблеми со р’бетот. На тоа се согласив некако. Ме наговараа и да не туркам железната маса на крајот, која има околу 100 килограми. Не оддолеав, ја турнав“, рече Шербеџија кој е музички активен со својот „Западни колодвор бенд“.
Милица Џаровска
Фото: Вангел Тануровски