Реакција на текст од Женски магазин за лекот КидзОмега
Во нашиот магазин пред извесно време се појави текст под наслов “Родители, ако го забележите ова кај сирупот КидзОмега, веднаш вратете го од каде сте го купиле”.
Во самиот текст е направен ненамерен превид од наша страна и занемарени се неколку елементи во контекст на самиот лек.
Генералните застапници за Македонија на англискиот бренд Health Aid LTD од Англија, во чиј состав е и КидзОмега реагираа и ова е нивното излагање:
- Во самиот текст на објавата се истакнати многу грешни констатации околу препораките дадени од страна на АХВ согласно отповикувањето на дадена серија од препаратот и постапувањето согласно правилникот од странана АХВ.
Најпрвин би сакале да реагираме на самиот наслов “Родители, ако го забележите ова кај сирупот Кидз Омега, веднаш вратете го од каде сте го купиле”, каде што се генерализира препаратот, а не соодветната серија која е отповикана од продажба, и каде што со ваква намера се нанесува штета на самиот препарат кој е застапен на нашиот пазар повеќе од 9 години и никогаш не сме имале поплаки од родителите.
Посебно сакам да ставам акцент на реченицата во текстот “Агенцијата за храна и ветеринарство предупредува да не се консумира сирупот за деца Kidz Omega Liqid 200ml Health Aid Ltd”. Сакаме посебно да потенцираме дека со оваа реченица се искажува невистина, бидејќи најпрвин ова не е препорака од Агенцијата за Храна и Ветеринарство, второ - дека во одлуката на АХВ стои за отповикување, а не да не се консумира, и трето - АХВ се повикува на точна серија од соодветниот препарат, а не го генерализира самиот препарат.
Во прилог ви доставуваме и документ од Дрисла за уништената роба со соодветната серија:
Женски магазин се извинува за објавата