РЕЦЕПТ: Безвременскиот тирамису
Неделава ни беше бурна и не покоси стомачен вирус, не бев во можност да поставам што било. Но затоа од како сите сме подобро време е за неодоливиот, безвременски тирамису. Да бидам искрена најубавиот тирамису колач е секогаш оној направен дома. Домашна кора, маскарпоне крем со жолчки и украси по ваша желба. За совршено уживање и највкусен тирамису следете го следниот рецепт.
За бисквит:
3 јајца
75гр. Шеќер во прав
35гр. Шеќер
75гр. Брашно
25гр. Нишесте
2м.лажички Нес кафе
Маскарпоне крем:
2 жолчки (Л големина)
75гр. Шеќер во прав
250гр. Маскарпоне
120гр. Хопла
За натопување:
150мл.врела вода
2г.лажици нес кафе
20мл. Рум
За декорација
Какао
Чоколадирани лешници
Вклучете ја рерната на 180 степени. Со хартија за печење обложете плех 20×40цм. Одвојте ги жолчките од белките. Изматете ги белките заедно со шеќерот и прстофат сол во цврст снег, но внимавајте да не прематите, па да ви се распаѓаат. Потоа на изматете ги жолчките со шеќерот во прав додека не добиете пенлива светло жолта смеса. Потоа во жолчките додајте ги брашното и нишестето просеани. Матете со 1 брзина колку да се соединат, а потоа со шпатула додадете ја белката и на крај кафето.Откако ќе добиете хомогена смеса печете 15тина мин.
Додека кората се пече направете го кафето за натопување и додека се лади подгответе го маскарпоне кремот. На пареа варете ги и матете жолчките со шеќерот во прав, додека не добиете светло жолта боја.
Оставете на 5 мин да се излади смесата потоа додадете го маскарпонето и на крај додадете ја хоплата изматена. Мешајте да добиете хомогена смеса. Потоа во чаши направете тирамису. Од кората направете 8 кругови.
Во чашата прво ставете маскарпоне крем, просејте какао, потоа ставете 1 крукче натопено во кафе, па маскарпоне крем, просеано какао, крукче натопено во кафе и маскарпоне крем до врв на чашата. На крај декорирајте по желба. Јас ставив какао и чоколадирани лешници.
Уживајте