РЕЦЕПТ: Брускети со печурки

Добивај вести на Viber

Кога ви треба брза закуска или чекате гости или пак дома правите мал роденден нема ништо побрзо од овие брускети. Ем се брзи ем се превкусни.Ем се ПОСНИ.

Направете повеќе брзо ги снемува.

Потребни состојки (За 1 багет)

400гр. Печурки (насечкани)

100 гр. Магданос

1 лажица ситно изрендан кромид

1 чешне лук

Половина лажичка Коријандер

Половина лажичка Турмерик

Сол и бибер

Во сад ставете маслиново масло,кромид и насечканите печурки. Динстајте 2 до 3 мин и потоа додадете го чешнето лук изрендано и зачините. Продинстајте уште 5 мин наросете бибер и сол и тргнете од оган да се излади. Додека се лади насечкајте го ситно магдоносот. А багетот исечете го на кришки но на косо. Откако ќе се изладат печурките додадете го магдоносот а потоа смесата ставајте ја на кришките и послужете се.