(РЕЦЕПТ) Домашно и вкусно: Овошен сладолед без шеќер
Доколку водите поздрав начин на живот и внимавате да не
внесувате премногу шеќер, овој сладолед е вистинскиот избор за вас, а и многу лесно се подготвува.
Потребни состојки:
-јогурт 200-300 мл
-3 зрели банани
-2 лажици мед
-замрзнато овошје по ваш избор
-арома ванила 1 лажица
Начин на подготовка:
Бананите добро изгмечете ги со вилушка, а потоа додадете го медод, јогуртот и ванилата. Соединете сè добро со блендер или миксер, а ако сакате посладок вкус, слободно додадете повеќе мед. Истурете половина од смесата во сад, потоа додадете исечкано овошје по ваш избор, па потоа другата половина од смесата. Може да ставете одозгора рендано црно чоколадо, а уште поинтересно ќе биде ако смесата ја поделите во пластични чаши, па добиете „сладолед во чаша“.
Бон апетит!
Фото: Shutterstock
Можеби ќе ве интересира:
(РЕЦЕПТ) Совршено летно освежување: Вака се прави највкусниот сладолед од лубеница