РЕЦЕПТ: Крем од портокал
Одличен освежителен крем за торти, колачи, мус десерти па дури и за палачинки. Мора да го пробате.
Потребни состојки:
2 портокали
Кора од 2 портокали
75гр. Шеќер
50гр. Путер
2 јајца
2 жолчки
Изрендајте ја кората од портокалите но внимавајте да не го рендате и белиот дел бидејќи тој е горчлив. Потоа исцедете ги и сокот процедете го низ цедалка. Изренданата кора измешајте ја со шеќерот а сокот измешајте го со јајцата. Откако ќе се соединат течните состојки додадете го шеќерот. Измешајте, додадете го путерот и варете на пареа 20 до 25мин додека не добиете густ крем.
Во пресрет на празникот ги искористив белките што ми останаа. На 2 белки ставете 100 грама шеќер. Матете 2 мин на минимална брзина потоа 2 мин на средна брзина и на крај 2 мин на максимална брзина за да добиете густа и сјајна смеса.
Со лажица на хартија за печење направете кружни форми вдлабнати во средина. Сушете ги 40мин. на 130 степени.
Откако ќе добиете пуслици, крцкави однадвор а меки одвнатре оставете да се изладат а потоа во средината додадете по една лажичка крем од портокал. Всушност ќе добиете јајце на око.
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ