РЕЦЕПТ: Лосос филе
Лососот се смета за една од најдобрите риби за човековото здравје. Освен што содржи добар процент на протеини, богат е и со витамин Д и Омега 3. Лососот никогаш не треба да се готви долго односно да биде „оvercooked“ затоа што ќе добиете безвкусно суво парче риба, пожелно е при спремање да не ја отстранувате кожата, а доколку го варите да биде со сок од лимон или пак во суво бело вино за да не ја изгубите неговата арома.
Идеи и варијанти за подготувавање
лосос има безброј. Иако е одличен спремен и само на маслиново, сепак јас имам друга идеја, затоа што сакам да експериментирам.
Потребни состојки:
900 гр. Лосос филе (може и парчиња)
Сол и бибер
За сос од магданос:
Шака магданос
100 гр. Пињоли
1 чешне лук
1 лимон
20мл. Маслиново
Сол и бибер
За Холандезе сос:
1 жолчка
1лажица сок од лимон
1 м.лажичка сенф
50 гр. Путер
Сол
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее парчето лосос ставете го на хартија за печење наросете сол и бибер и ставете да се пече 10мин.
Додека се пече лососот во блендер ставете ги сите состојки за сосот од магданос и блендирајте 1 мин. Доколку сакате да биде во вид на паста тогаш блендирајте подолго.
Потоа растопете го путерот а жолчката ставете ја заедно со лимонот и сенфот на пареа и гответе додека да се соединат и додека да почне да се згуснува потоа тргнете од оган и постепено додавајте го путерот со постојано мешање. Доколку ви се раздвои сосот, ставете коцка мраз и убаво мешајте. Посолете по желба.
По 10 мин. печење извадете го лососот и премачкајте го цел со сосот од магданос. Вратете уште 3 до 4 мин. Откако ќе се испече, сервирајте. Јас го сервирав на компир насечкан на крукчиња, потпечен со пармезан. А од страната на холандезе сос ставив краставичка во ролни.
Bon appetite…