РЕЦЕПТ: Moj крамбл (crumble)
Едноставен десерт, топол во зима или со сладолед на лето. Одличен дури и за појјадок или ужина. Овес,јатки,ммалини и капини ммм …
Потребни состојки:
120гр. Овесно снегулки
100гр. Спелта
135 гр. Кокосов или кафен шеќер
330 гр. Микс малини и капини
115гр. Путер
1 ванила стапче
100 гр. Ореви
1 ред темно чоколадо
Вклучете ја рерната на 170 степени. Обложете со хартија тавче 20×20 цм.
Во сад ставете брашно,овес, шеќер и прстофат сол. Растопете го путерот додајте го ванила стапчето. А потоа додадете го путерот во сувите состојки и промешајте да добиете хомогена смеса како трошки.
Од смесата издвојте една чаша, а останата смеса распоредете ја еднакво на тавчето. Ставете го овошјето а потоа одозгора додадете ја и преостанатата смеса и печете 25 мин.
Потоа додадете ги оревите на додатни 5 мин. На крај додека е топло изрендајте чоколадо. Не е задолжително, едноставно ние сме чоко -холици
За Женски магазин готви Маја Зивчевиќ