Рецепт на денот: Back-to-School пица од тортиљи

Добивај вести на Viber

Денес е први септември, и за децата важен ден, бидејќи се враќаат во училишните клупи.

За некои мајки, кои имаат првачиња овој ден е предизвик, а пред сѐ ужините кои треба да им ги подготват на децата, а кои не треба да им одземат многу време.

Токму затоа денешниот рецепт, го посветуваме токму на Back-to-School денот и сите мајки.

Пицата за ужинка сме сигурни дека ќе ги израдува најмалите најмногу.

Ви требаат само неколку состојки, а сѐ е поубаво и повкусно кога е домашно.

Пицата со тортиља е најбрз избор секогаш.

За неа ви требаат:

-Доматно пире или сос

-Шунка, кулен или нешто по ваш избор, 

-Рендан кашкавал

-Сусам од Кибела

-Оригано од Кибела или босилек од Кибела


Подготовка:

Три лажици доматен сос или пире и оригано и сув босилек нанесувате на првата тортиља, врз неа ставате друга тортиља и повторно мачкате со доматно пире, нанесувате оригано, шунка и кулен или било што по ваш избор, и рендан кашкавал. На крај посипувате сусам и ставете да се пече на 180 степени 15 минути.

Можете да ја печете во AIR FRYER на хартија за печење на 200 степени 6 минути.

Забавно готвење и пријатен апетит.


ФОТО: Илустрација јутјуб