Рецепт од Маја Зивчевиќ: Ѓевреци
Кога ќе ти се пријадат ѓевречиња далеку од дома, ќе си ги засукаш ракавите и ќе замесиш
Но, за да добиете совршено ѓеврече мора да имате совршен рецепт како денешниот, домашен турски ѓеврек.
Потребни состојки
500гр. Брашно (за печива)
200мл. Млеко
100мл.Вода
20гр. Путер
2м.лажички сол
1 м.лажичка кафеав шеќер
10гр. Квасец (сув)
200мл. Гроздов пекмез или маџун
100 мл. Вода
Половина лажица брашно
500гр. Сусам
*За да ви бидат посни ѓевречињата направете ги само со вода и со маслиново. Доколку сакате да пробате различни видови на брашно, внимавајте, количината ќе варира.
За почеток треба да го замесите тестото за да нарасне. Помешајте ги водата и млекото и стоплете ги но да не е врело. Додадете путер,шеќер и квасец и оставете 10 мин да се активира квасецот. Потоа полека постепено додавајте го брашното и солта треба да добиете нелепливо средно тврдо тесто. Брашното се додава полека бидејќи од производител до производител има разлика и грамажата може да варира. Откако ќе го замесите тестото покријте со крпа и оставете да нарасне околу 1 час.
Откако ќе нарасне тестото вклучете ја рерната на 220 степени и внатре оставете го плехот да се топли. Доколу имате мермерен камен за печење тогаш задолжително искористете го место плех.Во чинија како за супа помешајте ги убаво водата, гроздовиот пекмез и лажицата брашно, а на рамна чинија истурете сусам низ целата чинија но не цел ќе ви треба да додавате. Размесете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 8 еднакви дела за помали ѓевречиња или на поголеми еднакви парчиња за поголеми. Потоа расукајте го секое парче како црево и преклопете го на половина и преплетете ги, а на крај затворете во круг. Готовото ѓеврече потопете го во течноста, а потоа од двете страни ставете го во сусамот и оставете го на страна на штица. Истото повторете го со цело тесто, а потоа од штицата внимателно префрлете ги на жешкиот плех и печете 15 мин.
Кога ќе се испечат нека отстојат 10тина мин. покриени со крпа, а потоа уживајте
ќерка ми рече „wow како од продавница за ѓевреци се“