РЕЦЕПТ: Пченкарен леб
Овој леб е нешто слично на проја. Одличен за појадок со чаша јогурт или кефир.
А за да го приготвите потребни ви се:
2 шолја од 250мл Пченкарно брашно
1 шолја Цело-зрно брашно од спелта
1 шолја Маслиново масло
1 ½ шолја јогурт
½ шолја Кисела вода
1 Прашок за печива
400гр. Фета (средно тврдо) сирење
150 гр. Ореви
1 Тиквичка (средна)
2 јајца
Половина чашичка куркума
1 кафена лажичка сол
Вклучете ја рерната на 200 степени.Изрендајте ја тиквичката на покрупно и оставете ја да се цеди. Оревите насечкајте ги на ситни парчиња и фетата здробете ја на парчиња, Во еден сад помешајте ги сувите состојки точно измерени. Во друг сад пенасто изматете ги јајцата, потоа додадете ги јогуртот,маслото и киселата вода и матете да се соединат. Додадете ги сувите состојки и матете да добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги тиквичките (убаво исцедени) и оревите и промешајте да се соединат. На крај додадете го сирењето и промешајте неколку пати за да не го размачкате.
Смесата треба да ви биде полу-течна. Јас ја печев во силиконски цврст калап но може да се пече и во плех 20×30цм, обложен со хартија за печење.Наросете сусам и лен или семки по желба и печете 20тина мин. Односно додека не добиете сува чачкалица.
Убав ден
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ