(РЕЦЕПТ) Посна пица со ајвар која мора да ја пробате: Што да јадете за Велигденските пости
За денес имаме супер предлог за сите обожаватели на ајварот. Со вас споделуваме вкусен рецепт за пица со авјар која може да си ја направите доколку постите за Велигден.
Состојки:
За тестото:
-450 гр брашно,
-280 ml вода,
-70 ml масло,
-1/2 коцка квасец,
-1,5 лажички сол,
-1 лажичка шеќер.
За фил:
-2 лажици кечап,
-2 лажици ајвар,
-100 гр маслинки,
-100 гр печурки,
-1/2 кромид,
-3 поголеми кисели краставички,
-1 мала, свежа пиперка,
-50 гр слатка пченка,
-2 поголеми конзерви туна на парчиња,
-300 гр растително сирење,
-1 кесична оригано.
Постапка на тестото: Во топла вода, со додавање на шеќер, подгответе го квасецот. Ставете брашно во сад, додадете масло и месете го тестото со подготвениот квасец. Замесеното тесто оставете го да стаса додека се подготвува филот.
Фил: Исцедете ја туната од маслото и измешајте ја со ситно исечен кромид. Исечете ги шампињоните на потенки парчиња, пиперките и краставиците на коцки, а маслинките исечете ги на кругови. Измешајте ајвар и кечап и добро комбинирајте.
Земете голем плех за печење од електричниот шпорет и добро подмачкајте го со масло. Раширете го стасаното тесто со големина на плехот. Премачкајте го со мешавина од кечап и ајвар. Потоа наредете туна со кромид, потоа исецкани печурки, краставици, пиперки, маслинки и слатка пченка. Посипете оригано и грубо изрендајте го растителното сирење.
Ставете да се пече, во загреана рерна, на 200 С.
Веднаш штом рабовите на тестото стануваат малку кафеави, пицата е готова. Извадете ја и послужете.
Наздравје ручекИзвор: Фото: posnajela.rs