(РЕЦЕПТ) Посни мафини со маслинки: Што да јадете за Велигденските пости
Фото: Youtube/screenshoot-Posna Kuhinja
За подготовка на
овие посни и вкусни мафини се потребни следниве намирници:
-половина чаша бело брашно
-1 ипол чаша пченично брашно
-1 ипол чаша минерална вода
-половина чаша маслиново масло
-1 прашак за пециво
-1 лажичка сол
- маслинки (околку една шака)
-1 лажичка мелен лен
-1 лажица сусам
- излупени семки од тиква
Начин на подготовка:
Во сад ги мешаме белото и пченичното брашно, мелениот лен и сусамот, сол и прашакот за пециво. Откако ќе ја промешате смесата со сувите состојки додајте ги маслинките (може да ги изблендирате или насечете на ситни коцки или кругчиња), додадете ги и минералната вода и маслиновото масло, промешајте убаво да се соедини целата смеса. Потоа во калап за мафинис тавете хартиени кошници и распределете ја смесата. Одозгора ставете неколку семки од тиква. Загрејте ја претходно рерната и печете ги мафините околу 15 минути на 220 степени.
Повеќе посни рецепти за Велигденскиот пост ќе најдете ТУКА.