РЕЦЕПТ: Посно и здраво

Добивај вести на Viber

Една од најважните работи ми е исхраната на мојата ќерка. И таа веќе разбира и гледа околу себе и сака работи кои „hell no“ не сакам да ги консумира додека сѐ уште е во најважните години на развој на имунитетот. Кога ќе побара чоколадо овој десерт ни е една од опциите.

Потребни состојки (за 2 чашки)

1 банана (позрела)

Половина авокадо

1лажичка мед (домашен)

1лажичка Какао

1 ред црно чоколадо (без млечни и палмини масти)

70гр. Лешници (непечени)

Во мулти практик ставете ги сите состојки освен чоколадото. Додека се блендираат растопете го чоколадото да биде течно но внимавајте да не го изгорите. Во мојот мултипрактик има опција да отвориш дел од капакот, јас го додавам чоколадото додека се блендираат состојките, во спротивно додадете го чоколадото со миксер за да не ви се создадат грутки.


Ставете во сад по желба и изладете половина час. Додека се лади лешниците потпечете ги на тавче на најтивко околу 10 мин мешајќи од време на време.


Кога ќе се излади десертот насечкајте ги лешниците наросете прстофат цимет и послужете ги малите стомачиња. Нормално засладете се и Вие.



За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ