(РЕЦЕПТ) Ароматичен ѓувеч со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Продолжуваме да споделуваме со вас предлог рецепти за посен ручек, имајќи предвид дека почнаа Велигденските пости, кои траат 48 дена.

Постот е идеално време да се заборават пекарите, супермаркетите, готовите и спакувани (прочитајте нездрави) производи и да се свртиме кон старите домашни рецепти. Токму затоа Женски магазин, ќе ви понуди посни рецепти, кои веруваме ќе ви помогнат во деновите кога едноставно немате идеа што да зготвите а да биде посно.

Денес предлагаме да направите ароматичен ѓувеч со зеленчук, кој се прави едноставно а е многу вкусен.

Не содржи ниту една намирница од животинско потекло па е многу популарен меѓу луѓето кои го применуваат постот на вода.

Што ви е потребно:

-500 гр ориз

-2 главици црвен кромид

-2 чешниња лук

-2 моркови

-200 грама смрзнат грашок

-200 грама карфиол

Пастеризирани домати

Ѓумбир во прав

Сол, и бибер

Подготовка:

Исечкајте го кромидот и издинстајте го на малку вода, додајте го оризот и две лажички пастеризирани домати, па налејте со вода да се готви.

Гответе десеттина минути, па додајте го останатиот зеленчук. Зачинете со сол, бибер и ѓумбир и гответе додека оризот не омекне. 

По желба јадењето може да го запечете и во рерна за да добие кора.

Пријатен ручек.


Фото: YOUTUBE/HOMECOOKINGSHOW

Може да ве интересира:

(РЕЦЕПТ) Највкусното посно гравче од манастирот Хиландар: Што да јадете за Велигденските пости